Пречката го спречи најсмешниот автогол сезонава во Премиерлигата (Видео)

На натпреварот помеѓу Лидс и Челзи од Премиерлигата, после половина час игра, семафорот покажува резултат 0-0, а според случувањата на теренот, можеа да паднат неколку гола. Лидс даде еден гол, но веднаш беше поништен поради офсајд.

Потоа двата тима по еднаш ја погодија пречката, со тоа што тимот на Лидс имаше многу среќа што не си даде автогол. Ако топката влезеше во голот, тоа ќе беше најсмешен автогол сезонава во Англија. Ајлинг сакаше да расчисти, но го погоди соиграчот Љоренте и топката го лобуваше голманот Мелие. За среќа на Лидс, топката се одби од гредата и заврши во рацете на голманот Мелие, па немаше ништо од комичен автогол.

https://twitter.com/i/status/1370717688180396035

- Оглас -

Најнови вести