Британскиот боксер Тајсон Фјури останува шампион во тешка категорија во ВБЦ категоријата, откако во спектаклот на стадионот „Вембли“ во Лондон, пред речиси 100.000 гледачи, го победи Дилијан Вајт.
Фјури ја завшри работата пред крајот на шестата рунда, кога со прецизен аперкат го прати противникот на подот и тоа беше крај на борбата. За Фјури ова беше 32-ра победа во кариерата и нема ниту еден пораз.
Непобедливиот Британец најави дека ова ќе биде последна борба во неговата кариера.
ONE PUNCH POWER.@Tyson_Fury | #FuryWhyte pic.twitter.com/QkgHMf9ntX
— Top Rank Boxing (@trboxing) April 23, 2022