Пред 100 години за време на шпанската грозница имало публика, но сите биле со маски (Фото)

Една фотографија направена пред 102 години, на натпревар од американски фудбал во 1918 година во САД, покажува како Американците во тоа време се справувале со пандемијата на шпанската грозница, болест од која починале дури 50 милиони луѓе во светот, многу повеќе отколку што имаме сега починати од последици од коронавирусот.

Сепак, во 1918 година немало забрана за присуство на публика на спортски натпревари, денеска има. Дали тогаш луѓето имале поголема свест, треба да кажат експертите.

Фотографијата направена пред повеќе од 100 години за време на пандемија, докажува дека на љубителите на спортот не им било ускратена можноста да бидат на трибините и да навиваат за својот тим, но биле дисциплинирани. Тогаш сите до еден носеле заштитни маски и немало пречка да може да гледаат.

- Оглас -

Најнови вести