Фотографија направена во Будимпешта во 2009 година е популарна денеска во фудбалскиот свет затоа што на неа е Доминик Собослаи како дете во придружба на португалските играчи, меѓу кои и неговиот идол Кристијано Роналдо, а вечерва Собослаи и Роналдо на истиот стадион ќе имаат дуел како капитени на своите национални тимови.
Собослаи сега е 24-годишен играч на Ливерпул, со кого ја освои Премиер лигата, капитен на Унгарија и ја истакнува важноста на средбата со Роналдо.
„Сум играл против многу големи играчи, но никогаш против него. Конечно дојде денот кога ќе играм против човекот кој ми е идол уште од детството. Се надевам дека ќе биде позитивно искуство“, изјави Собослаи.