Пред 17 години на хартиена салфетка Меси прв пат потпиша за Барселона (Фото)

Пред точно 17 години, односно на 15 февруари 2002 година, Лионел Меси го потпиша својот прв професионален договор со Барселона. Тоа се случи кога Меси имаше само 14 години. Сега, речиси две децении подоцна, Лео покажа дека е еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Меси досега освои пет „Златни топки“, а постави и многу рекорди. Дресот на Барселона никогаш не го замени со друг клубски дрес, а во каталонскиот гигант стана рекордер по бројот на погодоци (581 погодок). Досега има 666 средби за Барселона, а повеќе од него имаат само Андрес Иниеста (674) и Чави (769). Со Барселона освои 32 трофеи, вклучувајќи и четири во Лигата на шампиони.

Интересно е што Меси, првиот свој договор го има потпишано на хартиена салфетка. Карлес Рексач кој е еден од најзаслужните што Лео дојде во Барселона, брзал да Меси да потпише договор со Барселона, па немајќи хартија во близина, тој искористил една хартиена салфетка и таму е напишан првиот договор на Меси со Барселона.

Веднаш потоа Меси бил и регистриран како играч на Барселона, потег кој сигурно е најдобар во историјата на Барселона.

https://twitter.com/diarioas/status/1096438670465396737

 

- Оглас -

Најнови вести