Англиските медиуми денес се преокупирани со главниот судија на полуфиналниот дуел на Европското првенство помеѓу Холандија и Англија. За главен судија на мечот е делегиран Германецот Феликс Звајер и дотука нема ништо спорно, но овој судија пред 20-тина години бил суспендиран за местење натпревари.
Тој во 2004 година како помошник-судија добил 300 евра од страна на главниот судија Роберт Хојцер на мечот помеѓу Вупертал и втората екипа на Вердер Бремен. Фудбалскиот сојуз на Германија покренал дисциплинска постапка против судиите, Хојцер добил доживотна суспензија, додека Звајер бил суспендиран на шест месеци.
Суспензијата на Феликс Звејер минала незабележано во германските медиуми, а дури 10 години подоцна, односно во 2014 година започнува да се пишува за овој скандал.
Во 2021 година, Џуд Белингам јавно го споменал судијата Звајер дека бил суспендиран за местење на натпревари, по што добил казна од Фудбалскиот сојуз на Англија од 40.000 евра.
Феликс Звајер никогаш не го признал делото за кое бил суспендиран во 2004 година и во сите медиуми негира дека бил вмешан во скандалот.