34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Пред 20 години Федерер за малку не играше со татко му, денес ривал му е синот

Роџер Федерер во Париз слави јубилеј. Точно 20 години од првиот настап на легендарниот Швајцарец на Ролан Гарос. Во таа веќе далечна 1999 година, Федерер за малку не играше против Кристијан Руд од Норвешка. Доколку Руд победеше во првото коло, ќе беше ривалот на Федерер во втората рунда. Зошто е толку битно тој неодигран меч меѓу Федерер и Руд?

Денеска Федерер ќе игра против Руд, но тоа е синот на Кристијан, Каспер Руд. Ако пред 20 години не успеа да има меч на овие две презимиња, тоа се случува по две децении. Каспер е на 63-тото место на АТП-листата и речиси е без шанси против искусниот Швајцарец. Роџер на шега вели дека повеќе знае за таткото Кристијан отколку за Каспер.

„Веројатно повеќе знам за неговиот татко отколку за него. Дури иако никогаш не сум играл против татко му, го познавам. Сигурен сум дека Каспер ќе биде мотивиран бидејќи за секој 20-годишен тенисер е сон да игра на централен терен против топ тенисер“, вели Федерер.

Овој меч е закажан за во 12:30 часот. Од фаворитите, денеска на терените треба да се појават и Рафаел Надал против Давид Гофин, додека Стан Вавринка ќе игра против Григор Димитров, во меч кој може да се најави и како дерби на денот.

 

- Оглас -

Најнови вести