25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Пред 25 години Чилаверт даде гол од слободен удар од 60 метри и тоа во големо дерби (Видео)

На денешен ден пред 25 години, беше постигнат еден епски гол кој во Аргентина се слави како еден од најлегендарните во историјата, а и навистина е таков, бидејќи го постигна голман. Станува збор за славниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт, кој на 22 март 1996 како член на Велез Сарсфилд, со неверојатниот гол му донесе победа на својот тим од 3-2 против Ривер плејт.

Чилаверт беше познат по тоа што одлично изведуваше пенали и слободни удари, но овој гол му е незаборавен, бидејќи го даде од 60 метри далечина, изненадувајќи го некогашниот аргентински репрезентативец Герман Бургос, кој до неодамна му беше помошник на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид.

Погледнете како Чилаверт го изненади Бургос на дербито пред четвртина век:

- Оглас -

Најнови вести