На денешен ден пред 30 години наопаку почна славната Премиер лига, ниеден фаворит не победи (Фото)

На денешен ден пред 30 години на интересен начин почна Премиер лигата, односно новиот формат на англиското првенство што и денеска се игра по истиот систем и со истото име.

Во првото коло на 15 август во 1992 година се случи чудо и ниту една екипа од големата шесторка на англискиот фудбал не успеа да победи.

Манчестер јунајтед, Ливерпул и Арсенал загубија, а Манчестер сити, Челзи и Тотенхем одиграа нерешено, што е неверојатен старт и еден од најчудните денови во 30-годишната историја на Премиер лигата.

Викендов со натпреварите од второто коло во Англија беше одбележана 30-годишнината од Премиер лигата, а денеска точно на датумот кога почна проектот ќе играат Ливерпул и Кристал палас.

Убедливо најтрофеен клуб во оваа ера од три децении е Манчестер јунајтед со 13 титули, по пет имаат Челзи и Манчестер сити, три освои Арсенал, а по една им припадна на Блекбурн, Лестер и на Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести