На 26-ти јуни 1990 година во Верона се одигра еден од најнезаборавните и најомилен натпревари за балканските љубители на фудбалот, Југославија ја победи Шпанија со 2-1 во осминафиналето на Мундијалот во Италија.
Двата гола за државата која веќе не постои, а во чии рамки беше и Македонија, ги постигна Драган Стојковиќ-Пикси, актуелниот селектор на Србија. За Југославија на тој меч играше и Дарко Панчев.
За првиот гол кога Пикси го излета Мартин Васкез, Стојковиќ изјави: „Цела планета отиде десно, а јас лево, и дадов гол“.
Вториот беше во продолженијата, и тоа мајсторија од слободен удар.