7.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Пред 36 години беше доделена единствената Супер Златна топка, тогаш извисија Кројф, Платини, Бекенбауер…

Единствената Супер Златна топка е доделена на 24 декември 1989 година, а освојувач е Алфредо ди Стефано. Легендата на Реал Мадрид во финалниот избор победи други две светски легенди, и тоа Јохан Кројф и Мишел Платини. Во изборот за Супер Златна топка беа уште три тогашни ѕвезди: Франц Бекенбауер, Кевин Киген и Карл-Хајнц Румениге.

Ди Стефано ја водеше славната генерација на Реал Мадрид во 50-тите години на минатиот век, период во кој успеа да стигне до пет титули во тогашниот Куп на европски шампиони. Ди Стефано ја освојуваше Златната топка двапати, и тоа во 1957 и во 1959 година.

Иако е роден во Аргентина, Ди Стефано најголем дел од кариерата играше за репрезентацијата на Шпанија, каде што и ги направи најголемите успеси. Ди Стефано почина во 2014 година на 89 години.

Следната Супер Златна топка, која ќе биде само втора во историјата, треба да биде доделена во 2029 година. Сигурно дека најголеми конкуренти за освојување на оваа награда ќе бидат Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои повеќе од 20 години фудбалски владеат на теренот.

- Оглас -

Најнови вести