Себастијао Луиз Лоуренсо бил голман за Сао Бенто во 1971 година и на меч против Сантос, му одбранил пенал на славниот Пеле. Лоуренсо, кој сега има 81 година, уште ја чува топката од тој натпревар.
„Имав среќа да му одбранам пенал на Пеле. Тој беше најдобриот против кого сум бранел. Против него не смеевте да се опуштите ни секунда, многу беше поразличен од другите, ја користеше секоја шанса за гол“, раскажува Лоуренсо, кој верува дека е единствениот жив голман кој му одбранил пенал на Кралот на фудбалот.