35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Пред 55 години на Божиќното коло беа постигнати рекордни 66 голови

Англичаните традиционално на своите фудбалски навивачи им подаруваат фудбалско коло на „Боксинг деј“. Така е и денеска, кога се играат девет меча од Премиер лигата, додека утре ќе се заокружи 19-тото коло. Божиќното коло традиционално ветува дека треба да има многу голови.

Низ историјата имало многу дуели на кои имало гол-шоу, но во историјата запамтено е колото одиграно на 26-ти декември 1963 година. На тој „Боксинг деј“ беше постигнат еден неверојатен рекорд. На 10 меча кои се одиграа во елитната англиска лига, вкупно беа постигнати 66 погодоци, односно 6,6 по меч. Оттогаш, па досега такво нешто не се повторило.

Фактот дека на Божиќното коло традиционално има погодоци е предизвик за сите обложувачи кои веруваат во голови и играње барем на 3+. Ова се мечевите за 19-тото коло во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести