Пред Барселона се „пеколни“ 12 дена

Барселона имаше добар викенд во Примера дивисион откако победи против Ваилјадолид со 1-0, а најголемиот ривал Реал Мадрид загуби од Жирона, па ја зголеми разликата на чело на табелата. Сепак, тоа не значи дека треба да има релаксирање за каталонскиот гигант.

Лионел Меси и дружината утревечер ќе гостуваат кај Лион во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони и со тоа им започнува едно пеколно темпо. За помалку од две недели, Барселона ќе треба да одигра дури пет тешки дуели.

По мечот против Лион, Барселона на 23-ти февруари ќе гостува кај Севилја во меч од 25-тото коло на Примера дивисион. Четири дена подоцна следи и реванш-мечот од полуфиналето на Купот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Првиот меч на „Камп ноу“ заврши 1-1. Ново Ел Класико, но овојпат во првенството, ќе има на втори март, и тоа повторно во Мадрид, во меч од 26-тото коло на Примера.

Едноставно, Барселона влегува во пеколен ритам кој мора да се издржи ако сакаат Каталонците да останат во трка за трофеи на три различни фронта.

 

- Оглас -

Најнови вести