Пред четири години играа во евро-куповите, а сега испаднаа во третата лига!

Екипата на Уфа од истоимениот руски град од следната сезона ќе игра во третата по ранг лига на Русија, а пред само четири години беа на чекор од влез во групите на Лигата на Европа.

Сезоната 2017/18 беше најуспешната во историјата на клубот и со одлична финансиска конструкција, Уфа успеа да избори излез во фудбалска Европа покрај големите руски гиганти.

Стигнаа до плеј-офот на Лигата на Европа, а таму беа елиминирани од Глазгов Ренџерс. И тука започнаа проблемите на клубот, секако од финансиска природа. Клубот минатата сезона во драматична завршница испадна од руската Премиер лига, а сега испадна и од првата лига. Лошата сезона резултираше со освојување на само 32 поени во 34 натпревари, што значеше директна преселба во понизок ранг.

Рускиот клуб Уфа е само уште еден пример од европскиот фудбал како за кратко време клубот може од височините да падне во нисколигашки ранг во својата земја.

- Оглас -

Најнови вести