Романецот Хорациу Молдован е нов голман на Атлетико Мадрид. Овој 26-годишник доаѓа од Рапид Букурешт, каде што бранеше од 2021 година наваму, а во Атлетико треба да му биде резерва на Јан Облак.
Молдован веќе тренираше со Јорганџиите, а попладнево и официјално беше промовиран.
Молдован потпиша договоро со важност до јуни 2027.
„Ова е сон за мене. Облак ми беше идол, сигурен сум дека многу можам да научам од него. Пред една и пол година играв пријателски меч против Облак и си разменивме дресови, сега се потсетивме и се смеевме за тоа. Кога ќе добијам шанса, ќе дадам максимум да ја оправдам довербата. Пред четири години, за време на пандемијата, немав клуб, дури ни во втората романска лига. Но, затоа фудбалот е прекрасен, видете каде сум сега, дојдов во голем клуб кој досега сум го гледал само на телевизија“, изјави Молдован.