Пред четири години Роналдо ја „предводеше“ Португалија до европската титула (видео)

На денешен ден пред четири години Португалија ја освои првата европска титула во својата историја, со минимални 1-0 триумфираше против домаќинот на Европското првенство, селекцијата на Франција.

За Кристијано Роналдо тоа беше оддолжување за загубеното финале во 2004 година, но спектаклот на „Стад де Франс“ во Париз не се одвиваше како што замисли тогашната ѕвезда на Реал Мадрид. Роналдо мораше да го напушти теренот само по 25 минути откако се здоби со повреда при дуел со Паје, па со преврзана нога цел меч го мина довикувајќи им на соиграчите од клупата како да е селектор.

Едер во 109-тата минута од продолженијата го реши победникот, а токму Роналдо најмногу се радуваше на погодокот вреден за европска титула.

https://www.youtube.com/watch?v=eA0wQhFi_eE&feature=youtu.be

- Оглас -

Најнови вести