Пред четири месеци за првпат станаа шампиони, а денес клубот се распадна

Кинескиот шампион Жиангсу Сунинг се распадна на помалку од две недели пред стартот на новата сезона во Суперлигата, откако главниот инвеститор, компанијата „Сунинг“ која воедно гопоседува италијанскиот гигант Интер, се откажа од спонзорството.

Актуелниот првак пред само четири месеци ја освои првата титула во клупската историја, а откако управата не можеше да најде спонзор навреме, сите членови на екипата и стручниот штаб добија исписници.

Пандемијата со корона-вирусот ги погоди и богатите кинески клубови кои во изминативе неколку години се рафрлаа со пари и преплатуваа фудбалери од Стариот континент, а најмногу финансиски проблеми имаше токму Жиангсу.

Иако клубот одредено време нема да функционира, упрвата ќе бара спонзори кои ќе инвестираат за Жиангсу што побрзо да се врати во натпреварувачки погон.

- Оглас -

Најнови вести