Вчера се официјализира соработката меѓу Себастијан Фетел и Астон Мартин, тимот кој се враќа на сцената во Формула 1 од 2021 година. Но, пред да се склучи договорот, четирикраниот светки првак размислувал да го напушти најбрзиот мотоциркус.
„Бев многу блиску да ја напуштам Формула 1. Долго размислував на таа опција, сакав да одберам што е најдобро за мене и за кариерата. Заминување беше опција, но чувствував дека сакам да останам доколку ми се укаже убава прилика. Преселбата во тимот на Астон Мартин ќе биде доказ дека сум го направил вистинскиот избор. Рејсин поинт (Астон Мартин ќе се вика од следната сезона) оствари добри резултати во оваа сезона, а јас ќе дадам сè од себе за овој проект да продолжи да се движи во нагорна линија“, истакна Фетел.
Фетел ќе вози за Астон Мартин на местото од Серхио Перес, додека уште во мај му беше образложено од страна на Ферари дека нивната соработка нема да продолжи.
Германецот во претстојниот викенд ќе се обиде да оствари добри резултати на трката за Големата награда на Тоскана, каде што на патеката „Мугело“ ќе се слави јубилејната 1000-та трка на култниот италијански тим Ферари.