Пред да се врати во Јувентус, Алегри го одбил Реал

Масимилијано Алегри по две години пауза, се врати на клупата на Јувентус, во обид да ги врати Бјанконерите на врвот во италијанскиот фудбал откако минатата сезона Скудетото се пресели во Милано кај Интер.

Пред да го оствари својот камбек во Торино, Алегри одбил предизвик да биде тренер на Реал Мадрид, но имал и уште неколку понуди од други клубови, кои сепак не биле толку добри како на Старата дама.

„Пред сè, сакам да му се заблагодарам на претседателот на Реал Мадрид за понудата. Добив понуди и од неколку други клубови, но љубовта кон Јувентус ми е на прво место. Се разбудив едно утро и решив да му се јавам на господинот Ањели, побарав да разговараме. Мило ми е што повторно ми ги отвори вратите во овој голем клуб. Многу сум возбуден што ќе тренирам со толку квалитетна група на играчи, но најважното е да остваруваме победи. Почнуваме нова ера, минатото го оставаме зад нас и гледаме кон идни успеси“, истакна Алегри.

Во својот прв мандат, Алегри освои 11 трофеи со Јуве, од кои пет се титули во Серија А, а двапати загуби финале во Лигата на шампионите, од Барселона и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести