Дека и во пониските фудбалски лиги може да видиме неверојатни завршници, доаѓа потврда и од Шпанија, каде што на дуелот Винарос – Пењискола се случуваше вистинска драма. Се играше 95-тата минута, а гостите имаа минимална предност од 1:0.
Домаќините во последниот напад добија слободен удар, а пред противничкиот шеснаесетник се пресели и голманот. Во мешаницата која настана, домашниот чувар на мрежата успеа да погоди за 1:1. Следуваше голема радост за домаќините, но за тоа време гостинските фудбалери ја наместија топката на центар и чекаа судијата да даде знак за продолжување на мечот.
Додека голманот радосен се враќаше на својот гол, прими погодок од половина терен и гостите победија со 2:1.

