Дуелот на двата најтрофејни клуба во Англиј, Манчестер јунајтед и Ливерпул е во центарот на европскиот викенд. „Олд Трафорд“ утре ќе биде местото каде домаќините ќе сакаат да се реваншираат за убедливиот пораз од пред два месеци (1:4), а Ливерпул ќе се обиде да победи и на тој начин да остане во одлични шанси во трка за титулата во Премиер лигата.
Од пред два месеци, кога Ливерпул го растури Манчестер јунајтед, најголемата промена е тоа што на клупата на „црвените ѓаволи“ дојде Оле Гунар Солскјер, на местото на Жозе Мурињо. Со Солскјер на клупата, Манчестер има неверојатен биланс од 12 победи и едно реми, без ниту еден пораз во Англија.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не ги криеше пофалните зборови за Солскјер, па дури верува дека тоа е тренерот што Манчестер треба да го задржи и во следната сезона.
„Квалитетот на Солскјер е неоспорен. Ја заслужува таа работа 100 отсто. Покажа каков лидер е и за мене не постои сомнеж дека тој ќе биде тренер на Манчестер јунајтед и во следната сезона. Тоа е кристално јасно“, вели Клоп.
Со Солскјер на чело, Манчестер освои 25 од можните 27 бодови во девет кола, а во ФА Купот ги елиминираше Арсенал и Челзи и тоа со победи на гостински терен. Сега ќе биде интересно како ќе се постави Манчестер во дуел против Ливерпул, ако се знае дека пред само два месеци, „црвените ѓаволи“ делуваа премногу немоќно и загубија убедливо.