Ако го прашате Ерлинг Халанд, нема потежок дефанзивец за него од Вирџил ван Дајк. Не успеал да го победи досега во кариерата. Ова е можеби и огромен мотив за Норвежанецот во пресрет на дербито меѓу Манчестер сити и Ливерпул, кое е закажано за 17:30 часот на „Етихад“.
„Висок е, брз, неговите реакции се неверојатни. Никогаш не сум го победил во дуел. Не се плашам од никого, но мислам дека тој е најдобриот дефанзивец на светот“, изјави Халанд.
И навистина, еден од најдоминантните напаѓачи на денешницата никогаш не успеал да го совлада Вирџил ван Дајк во директен дуел.
Двајцата одиграле шест натпревари еден против друг, а Халанд сè уште нема победа.
Во Лигата на шампионите се сретнаа двапати кога Халанд го носеше дресот на Салцбург, и двапати беше поразен. Во четирите дуели меѓу Манчестер сити и Ливерпул, во кои двајцата беа присутни, забележани се две нерешени средби и две победи на Ливерпул.
Сепак, Халанд оваа сезона игра одлично, заедно со Мбапе и Кејн има по 13 голови и е најдобар стрелец во Топ 5 европските лиги, и несомнено ќе претставува најголема закана за Ливерпул. Сепак, неизвесно е дали ќе успее да победи…

