23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Пред девет дена го мачеше Алкараз на Вимблдон, денеска објави крај на кариерата

Италијанскиот 38-годишен тенисер Фабио Фоњини, денеска на прес-конференција во Ол-Ингланд клубот во Лондон го објави своето повлекување од тенисот.

Последниот натпревар во кариерата на победникот на 17 АТП турнири (вклучувајќи девет во сингл) беше оној со Карлос Алкараз во првото коло на Вимблдон, каде што Фоњини го натера вториот светски тенисер да помине речиси 4,5 часа на теренот пред да загуби во пет сета.

Фабио рече дека планирал да игра до турнирот во Монте Карло следната година, но се премислил.

Најголемиот триумф во кариерата на Фоњини беше освојувањето на титулата во двојки на Отвореното првенство на Австралија во 2015 година, а неговиот највисок АТП ранг-листа во поединечна конкуренција беше деветтото место во 2019 година.

„Животот е круг што се затвора. Исто така, потребна е храброст да се каже доста. Начинот на кој го напуштив Централниот терен и начинот на кој отидов во соблекувалната. Овие работи вредат повеќе од пораз и тоа на овој терен, пред моето семејство, вреди повеќе од кој било натпревар во животот. Ова е најдобриот начин да се збогувам, по тој натпревар, не сакам повторно да играм, иако мојот сон беше да ја завршам следната година во Монте Карло“, започна Фоњини со образложување на одлуката.

„Последните неколку години од мојата кариера беа тешки и време е да бидам искрен со себе. Го сакам овој спорт и мојата мотивација е сè уште висока. Тенисот беше со мене целиот мој живот. Имам толку многу убави спомени што ги негувам. Но, знаев дека овој ден ќе дојде. Овој спорт беше со мене целиот мој живот и ќе продолжи да го прави тоа. Играв во ерата на најдобрите Ѓоковиќ, Надал и Федерер. Среќен сум што сега се збогувам. Нема да играм повеќе турнири, си заминувам“, додаде Фабио.

- Оглас -

Најнови вести