2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Пред девет години изгубија сè, а сега како феникс се кренаа од пепелта (Видео+Фото)

На 29 ноември 2016 година светот беше во тага по веста дека 42 члена на бразилскиот клуб Шапекоенсе загинаа во авионска несреќа патувајќи на меч од Копа Судамерикана.

Несреќата тогаш ја преживеаја само четворица фудбалери, а клубот се најде во тешка ситуација. Финансиска криза, но и градење на нова структура и нов ростер. Набрзо испаднаа во Серија Б, а минатата сезона беа на работ од испаѓање и во третата лига.

Сепак, речиси точно девет години од несреќата, Шапекоенсе успеа како феникс да се крене од пепелта и да се врати во бразилската Серија А откако во последното коло славеше со 1-0 пред својата публика и дојде до третото место на табелата.

Следуваа луди сцени, а навивачите веднаш по завршувањето на мечот втрчаа на теренот за да го прослават големиот успех со своите миленици.

 

- Оглас -

Најнови вести