Пред девет години Ламар Одом, денеска Марк Гасол и никој друг!

Шпанскиот центар Марк Гасол го повтори успехот на Ламар Одом од 2010 година, па сега листата на кошаркари кои во иста година станале и НБА и светски прваци се прошири на двајца. Гасол пролетоска со Торонто репторс освои титула во најсилната лига на светот, а денеска со Црвената фурија освои златен медал на Мундобаскетот во Кина.

Пред Марк Гасол, НБА и светски титули во иста година имаше само Одом, кој во 2010 освои прстен во НБА со ЛА лејкерс, а неколку месеци подоцна освои и Мундобаскет со репрезентацијата на САД. Кај жените листата е подолга (сите се Американки), но кај мажите само Одом и Гасол успеале.

За помладиот од браќата Гасол, ова е втора светска титула, по онаа од 2006 година. И пред 13 години и денеска, исто така и Руди Фернандес освои две титули.

 

- Оглас -

Најнови вести