По лесната победа против Ференцварош во Лигата на шампиони, Барселона сега ја чекаат пеколни седум дена. Каталонскиот гигант најпрво в сабота на свој терен го пречекува Реал Мадрид во Ел Класико дуелот, а потоа ќе гостува во Торино, на мегдан против Јувентус, во рамките од второто коло од Лигата на шампиони.
Токму за мечот против Јувентус, најголема дилема е дали во дресот на италијанскиот гигант ќе се појави Кристијано Роналдо. Португалецот и по 10 дена поминати во изолација, уште е заразен со опасниот Коронавирус и големи се шансите да не игра против Барселона.
Сепак, постои опција, доколку Роналдо направи негативен тест на 24 часа пред почетокот на мечот со Барселона, Јувентус во своите редови да го има и најдобриот фудбалери. Порака до Роналдо стигна и од неговиот најголем ривал на теренот, Лионел Меси.
Доколку последниот тест на Роналдо е негативен, повторно ќе гледаме дуел Меси-Роналдо, фудбалерите кои го одбележаа светскиот фудбал во последните 15 години.
„Дуелот со Роналдо секогаш е посебен и ќе трае засекогаш. Воопшто не е лесно да се игра на такво ниво како што играме ние двајца во сите овие години. Играме и во големи клубови каде очекувањата секогаш се големи. Засекогаш ќе ги паметам дуелите со него. На Кристијано му посакувам брзо враќање на теренот и навистина ќе ми биде многу мило ако во среда биде на теренот во Торино“, рече Меси.