Ракометната федерација на Македонија, претставена од претседателот Живко Мукаетов, и Билал Суџубаши, генерален извршен директор на Халк Банк, потпишаа договор со кој оваа турска банка стана нов генерален спонзор на РФМ.
Капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров, вети дека ракометарите ќе направат сè што е потребно за да ја оправдаат довербата и да се прикажат во позитивно светло во квалификациите за ЕП 2020 кои ги почнуваме утре, во Битола, против Турција, како и на Светското првенство во јануари.
Дуелите со Турција, Грција и Исланд од квалификациите за европскиот шамионат треба да послужат како подготовка за настапот на СП во Германија. Националниот тим денеска се сели во Битола и ќе тренира во реновираната сала „Боро Чурлески“, која утревечер ќе биде преполна.