Пред два дена на Интер му донесе трофеј, а сега веќе има нов клуб!

Иван Перишиќ беше еден од најзаслужните што Интер стигна до трофејот во Купот на Италија,откако во драматично финале на „Олимпико“ со 4:2 го победи Јувентус, и тоа по дури 120 минути игра.

По регуларниот дел беше 2:2, а во дополнителните 30 минути, Перишиќ даде два гола и донесе голема радост за Нераѕурите. Иако Хрватот игра одлично, тоа не беше доволно за да остане во Интер.

Неговиот договор завршува на крајот од сезонава, а откако пропаднаа преговорите за продолжување на соработката, денеска стигна веста дека Перишиќ се договорил за трансфер во Челзи.

Хрватскиот репрезентативец кој има 33 години ги договорил личните услови со тимот од „Стемфорд бриџ“ и во Челзи треба да остане во следните две сезони, со опција за продолжување на договорот на уште една година. Искусниот Перишиќ во кариерата освен за Интер, има играно и во Баерн Минхен, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Бриж и Сошо.

- Оглас -

Најнови вести