Францускиот прволигаш Олимпик Лион реши да го отпушти тренерот Фабио Гросо. Нецели три месеци траеше авантурата на Гросо во францускиот тим. Лошите резултати се главна причина за заминувањето на Гросо, а Лион е на последното место на табелата во француското првенство само со седум бода од 12 натпревари.
Освен по лошите резултати, период на Гросо поминат во Лион ќе се памети и по една лоша сличка, а тоа е нападот од хулиганите на гостувањето во Олимпик Марсеј. Во тој напад најмногу настрада Гросо, кој доби потешка повреда на главата и мораше да има лекарска интервенција.