Пред две години Данска ни го „украде“ златото, време е за „одмазда“, и тоа на ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот ќе го започне третото учество на Европско првенство. Овојпат Македонија има еден голем адут, а тоа е домашниот терен затоа што дуелите од оваа група на ЕП се играат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Данска е првиот ривал на Македонија. Тоа е селекцијата која ни донесе големо разочарување пред две години, кога во финалето на Сребрената лига, во финалето во Струмица, Македонија загуби со 1:3. Само еден месец пред тој пораз, Македонија со 3:0 ја победи Данска, а и традицијата е на наша страна.

Од 2014 година досега, Македонија и Данска имаат одиграно вкупно 10 натпревари, а нашите одбојкари се радувале седумпати. Данска, која е дебитант на ЕП, била подобра само трипати.

Покрај традицијата, коефициентите во Sport Life  најавуваат дека може да се очекува победа на Македонија. Дуелот против Данска е еден од клучните затоа што Македонија мора да победи ако сака да се надева да го исполни зацртаното, а тоа е пласман во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести