Пред две години детето со солзи во очите покажа колку го сака клубот, а Бока не го заборави и сега го изненади (Фото)

Пред две години светската јавност се воодушеви од приказната на еден млад навивач на Бока јуниорс, кој покажа што значи емоција и љубов кон омилениот клуб. Младиот Бени тогаш допатува од Аргентина во Рио де Жанеиро во Бразил за да го бодри својот омилен тим во финалетона Копа Либертадорес.

Тогаш Бени низ солзи откри дека го продал Плејстејшнот, а неговиот татко го продал моторот, за да соберат пари и да отпатуваа во Рио на историскиот меч на Бока против Флуминезе.

„Го продадов Плејстејшнот за да бидам тука! Го продадовме и моторот на тато за да дојдеме тука. Немаме ни карти, но погледнете го ова. Погледнете го! Ова е Бока“, рече тогаш детето кое со својата искреност и љубов кон клубот го воодушеви светот.

Во таа 2023 година, Бени заедно со уште 100.000 навивачи на Бока беа во Рио. Само 23.000 навивачи на аргентинсиот гигант беа на стадионот, а останатите 80.000 финалето го следеа на улиците на Рио. На крајот, Аргентинците останаа разочарани затоа што Флуминезе ја освои титулата за најдобар тим во Јужна Америка.

Сега, две години подоцна Бени повоторно е во фокусот на вниманието. Овојпат неговиот омилен тим Бока реши да го повика момчето и да го вклучи во еден важен настан.

Бени беше дел од промоцијата на новиот дрес на Бока, а е дел и од промотивното видео за Светското клупско првенство на кое ќе игра аргентинскиот гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести