Шалке 04 загуби на гостувањето кај Арминија Билефелд со 1:0 и тоа беше дефинитивно крај на сите надежи дека некогашниот гигант од Гелзенкирхен може да се спаси од испаѓање од Бундеслигата. За првпат по 39 години играње во елитното натпреварување во германското првенство, Шалке вечерва испадна од Бундеслигата.
BREAKING | club known as Schalke 04 is relegated from the Bundesliga for the first time since 1982.
— Mahdi (@PrimeSancho) April 20, 2021
Тимот кој по 30 меча остана само со 13 бодови, не може ни теоретски да го избегне „фенерот“ на крајот од сезоната. Шалке е клуб со блескава историја. Седумпати беше првак во Бундеслигата, а петпати го има освојувано и Купот на Германија.
Сепак, сезонава Шалке победи само двапати и за „влакно“ избегна да направи нов неславен рекорд во Германија по број на одиграни средби без победа.
Додека Шалке ги „пакува куферите“ за во Цвајте, Баерн Минхен победи во дербито против Баер Леверкузен со 2:0 и сега е само на чекор од одбрана на титулата. Баварскиот гигант има 71 бод, 10 повеќе од Лајпциг кој е втор, а до крајот има само уште 12 бодови кои може да се освојат.
Резултати: Келн – Лајпциг 2:1, Арминија Билефелд – Шалке 04 1:0, Баерн Минхен – Баер Леверкузен 2:0, Ајнтрахт Франкфурт – Аугсбург 2:0.