33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Пред две години не го пуштаа за 40 милиони евра, сега го продаваат за 10 пати пониска цена

Ајакс се најде во ретка ситуација да погреши при продажба на свој фудбалер. На левиот бек Николас Талјафико пред две лета не му дозволуваа да си го исполни сонот и да го облече дресот на Барселона, малку им беа 40 милиони евра.

Две години подоцна, Талјафико е на излезна врата, и тоа за 10 пати пониска цена. Брајтон, Севилја и Лион нудат по 4 милиони евра за аргентинскиот репрезентативец и се чини дека Копјаниците ќе ја прифатат понудата, па ќе го остават играчот да бира каде ќе се пресели.

- Оглас -

Најнови вести