Пред две недели беше дел од финалето на ЛШ, а сега е заробен во пеколот во Иран

По завршување на сезоната, Мехди Тареми замина во родната земја да ја добие наградата за најдобар фудбалер на Иран. Тареми кој со Интер играше во финалето на Лига на шампиони, не не замислуваше дека еден свечен повод за враќање во родната земја, може да се претвори во пекол.

Откако на доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер на Иран, Тареми реши да остане неколку дена во Иран. Не ни претпоставуваше дека сега ќе има проблеми и нема да може да си замине од земјата Израел започна воздушни напади врз Иран, а потоа следуваше и одговор од спротивната страна.

И додека фудбалерите на Интер отпатуваа во САД за Светското клупско првенство, Тареми е „заробен“ во Иран. Работата да биде уште полоша за фудбалер е најавата дека Интер го смета тареми за „непотребен“ за следната сезона.

Иранецот неколку сезони играше одлично во Порто, а минатото лето како слободен играч пристигна на „Џузепе Меаца“ и беше најавен како големо засилување. Во сезонава која што измина, Тареми одигра 43 натпревари, но постигна само три гола (имаше и девет асистенции) и не го потврди приматот на екстра засилување, па се очекува летово да си бара нов клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести