Кошаркарите на Партизан и Реал Мадрид вечерва го играат третиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата. Кошаркарите на Кралскиот клуб со свирежи од целата сала се дочекани на загревањето, а најлошо мина Марио Хезоња.
Тој само пред еден месец, на натпреварот од регуларниот дел од Евролигата со овации беше пречекан во белградската Арена поради неговите изјави дека нема ништо против еден ден да игра за Партизан, но сега работите се сменија.
По тепачката на вториот натпревар во Мадрид, Хрватот со жестоки свирежи и во непријателска атмосфера е пречекан во Арената во Белград.
Видеото од атмосферата во Белград може да го погледнете ТУКА.