5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Пред една деценија беа шампиони на Англија, а сега може да испаднат во трета лига

Во мај 2016 година во англиската Премиер лига се случи една од најубавите фудбалски приказни. Екипата на Лестер покажа дека моќта на парите и ѕвездите во екипите не секогаш се најважни да се стигне до титулата.

Лестер стана првак, но таа бајка не траеше долго. Неколку години подоцна Лестер испадна од Премиер лигата, а сезонава, кога треба да прослават 10 години од историскиот успех, се во опасност да испаднат од Чемпионшип.

Пред почетокот на оваа сезона Лестер се најавуваше како еден од фавортите за враќање во Премиер лигата, но резултатите се катастрофални. Освен лошите резултати, Лестер синоќа доби уште една лоша вест. Челниците на ЕФЛ им одзедоа шест бода на Лестер затоа што популарните Лисици ги прекршија правилата на лигата за профит и одржливост. Затоа им се одземени шест бода за прекршувањето, што значи дека Лестер сега има 32 бода, колку што имаат и екипите на Вест Бромич и Блекбурн. Токму ВБА е во зоната за испаѓање.

Со помалку бодови од Лестер се само две екипи. Оксфорд има шест бода помалку од сигурната зона, додека последнопласираниот Шефилд јунајтед веќе е „отпишан“ бидејќи во новата сезона влегоа со минус од 18 бода.

Лестер има квалитетен тим, но едноставно резултатите на теренот се далеку од посакувани. Следниот предизвик за Лестер ќе биде мечот против Бирмингам на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести