Рафиња беше еден од најзаслужните фудбалери на Барселона за одличната сезона во која каталонскиот гигант освои три пехари. Само пред една година Бразилецот беше на прагот од излезната врата во клубот, но по доаѓањето на тренерот Ханси Флик, ситуацијата се смени.
Германскиот стратег реши дека Рафиња треба да остане и да му се даде нова шанса. Флик не згреши. Рафиња блесна, ја одигра најдобрата сезона во кариерата и сега е еден од фаворитите дури и за освојување на Златна топка.
Поради овој факт, Барселона сега е во мисија да му го продолжи договорот на Рафиња. Актуелната соработка е до јуни 2027 година, а сега се најавува дека договорот ќе му биде продолжен за една сезона, односно до јуни 2028 година, со тоа што офанзивецот ќе добие и поголема плата.