Францускиот фудбалер Алексис Бека Бека ја шокираше јавноста откако за малку ќе се самоубиеше со скокање од мост. Младиот 23-годишен играч на Ница, во септември 2023 година беше премногу разочаран од прекиннувањето на љубовната врска со неговата девојка, па решил да си го одземем животот.
Бека Бека сакаше да скокне од еден мост во Ница кој е на висина од преку 100 метри. За среќа, навреме пристигнаа полицајците и пожарникарите кои успеаа да го убедат фудбалерот да не се самоубие.
Бека Бека потоа прифати да добие психијатриска помош и долго време беше на лечење на менталното здравје. Повеќе од една и пол година нема одиграно ниту еден меч, а во меѓувреме, Ница му го раскина договорот во август минатата година.
Сега, Бека Бека повторно е актуелен и тоа за убава работа. Се очекува набрзо фудбалерот да се врати на теренот затоа што потпиша со тимот на Каен во втората француска лига. Мнозинскиот број на акциите во овој клуб од неодамна ги има Килијан Мбапе, што значи дека Бека Бека ќе игра за тимот на Мбапе.
Првичниот план е да се приклучи на Б тимот на Каен, а потоа полека да се врати во форма и да биде дел од првата екипа.