Пред една недела играа во Скопје, а сега сите до еден се позитивни на корона-вирус!

Германскиот кошаркарски прволигаш Кемниц, чиј помошник-тренер е Македонецот Ѓорѓи Кочов, објави дека сите, буквално сите од тимот, вклучувајќи ги и тренерите и играчите, се позитивни на корона-вирус.

Ова е можеби прв случај 100 проценти од тестовите во цел еден спортски тим да бидат позитивни на ковид-19.

Оваа катастрофа го снајде Кемниц само една недела по настапите во Скопје, во квалификациите за Лигата на шампионите. Во „Борис Трајковски“ Кемниц беше подобар од нашиот ТФТ и од швајцарскиот Фрибург, а потоа на 25 септември загуби од турскиот Тофаш.

Сите се испратени во домашна изолација, а одложени им се мечевите кои требаше да ги играат деновиве.

- Оглас -

Најнови вести