Пред „Енфилд“ се појави транспарент со поддршка за Клоп (фото)

Ливерпул со поразот од Лестер во петокот нанижа три во низа и полека отстапува од трката за шампионската титула во Премиер лигата.

Актуелниот англиски првак е на 13 бода негатива во однос на лидерот Манчестер сити откако Црвените во последните 14 лигашки дуели петпати претрпеа пораз, а три бода освојуваа само во четири меча.

И покрај лошите резултати, навивачите  целосно му веруваат на германскиот стратег, тоа го покажаа со огромен транспарент кој се појави пред портите на „Енфилд“, со познатата изрека „YNWA“ (никогаш нема да одиш сам).

- Оглас -

Најнови вести