Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на САД и на тој начин успеа да сруши уште еден рекорд на Роџер Федерер. Србинот немаше проблеми и со 3:0 во сетови го победи домашниот тенисер Фриц.
Иако Фриц играше пред домашната публика, голема поддршка имаше и за Ѓоковиќ. Меѓу фановите на Ноле секогаш на трибините има и Македонци кои се верни навивачи. Еден фан со македонско знаме успеа да дојде во првите редови, каде што Ѓоковиќ даваше автограми.
Навивачот го исправи македонското знаме и побара Ѓоковиќ да му се потпише. Србинот без проблем го стави својот потпис, а македонскиот навивач радосно го зеде знамето и веднаш го бакна, покажувајќи колку многу му значи тој автограм од неговиот омилен тенисер.
Комплетната приказна од оваа интересна ситуација може да ја прочитате на Телеграф.рс.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде уште еден Американец, Бен Шелтон, кој успеа да го победи сонародникот Францис Тафо со 3:1 во сетови.