Пред големото дерби, Шевченко откри што најмногу фали во Џенова

Легендарниот голгетер Андриј Шевченко од неодамна се врати во Италија, но овојпат во улога на тренер. Некогашниот фудбалер кој се прослави во дресот на Милан, сега има задача да ја спаси Џенова од испаѓање.

Популарниот Шева уште чека да се израдува на првата победа како тренер, а Џенова во следното коло игра против градскиот ривал Сампдорија. И во Сампдорија ситуацијата не е најсјајна, посебно што пред неколку дена беше уапсен претседателот на клубот, Масимо Фереро.

Шевченко е оптимист пред мечот, а посебно е задоволен што во составот се враќаат двајца квалитетни играчи.

„Кришито и Дестро се вратија во составот и тренираат. Се надевам дека двајцата ќе подат подготвени за утрешниот меч. Мора да бидеме сконцентирани и со ладни глави. Ваквите мечеви многу значат за навивачите. Треба да се подготвиме добро и да покажеме храброст, која како да недостасуваше во претходниот период“, рече Шевченко во пресрет на градското дерби.

По 16 одиграни кола, Џенова освои само 10 бода, додека Сампдорија е на 15 место со 15 бодови.

- Оглас -

Најнови вести