Во обложувалницата Sport Life веќе може да уплатите кои клубови ќе бидат шампиони во седумте најатрактивни фудбалски лиги во Европа во претстојната сезона.
Според квотите, Баерн Минхен е главен кандидат за трофејот во Бундеслигата и малерот Хари Кејн ќе има прилика конечно првпат во кариерата да освои трофеј и шампионски пехар. Главен ривал на Баварците ќе им биде актуелниот првак Баер Леверкузен, а фаворити од сенка се Борусија Дортмунд, Лајпциг и Штутгарт.
Во италијанската Серија А, Интер е фаворит за одбрана на титулата. Како главни ривали му се Јувентус, Милан, Наполи и Аталанта.
Во англиската Премиер лига, главната битка за титулата треба да ја водат Манчестер сити и Арсенал, а потоа следуваат Ливерпул, Челзи и Манчестер јунајтед.
Реал Мадрид е главен кандидат за првак на Шпанија, а традиционално, Барселона е главниот предизвикувач на Кралевите, додека Атлетико е трет фаворит.
Во Франција би било чудо ако ПСЖ не биде шампион. Дури и по заминувањето на Килијан Мбапе, Светците се фаворити број 1, но може да се обложите и на други клубови, како Марсеј, Монако, ако мислите дека може да изненадат.
Може да се обложите и за првак на Португалија, каде што тесна трка ќе видат Бенфика, Спортинг и Порто, а тројна трка за трофејот треба да има и во Холандија, каде што главни кандидати за титулата се ПСВ, Феенорд и Ајакс.