Пред клучниот меч со Данска, Србите добија слободен ден

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси  откри дека направил неколку промени на плановите во пресрет на клучниот меч од групната фаза против Данска. На Србија потребно и е победа против Данска, но ако се знае квалитетот на противникот, тоа ќе биде многу тешко да се оствари.

Селекторот Стојковиќ реши утре да нема тренинзи и фудбалерите да може да поминат повеќе време со своите семејства.  „Имавме тренинг утрово. Играчите кои играа против Словенија имаа тренинг во хотелот, додека останатите беа на теренот. Утре ќе биде слободен ден и фудбалерите ќе бидат со своите семејства“, откри Стојковиќ.

Последниот тренинг пред дуелот со Данска, селекцијата на Србија ќе го одработи во Аугсбург, иако мечот ќе се игра во Минхен. Стојковиќ знае дека Данска е пеколно тежок ривал, но селекторот е убеден и оптимист дека Србија може да се радува на триумф кој ќе ги одведе во нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести