Ниту дербито во германската Бундеслига не можеше да пројде без порака наменета за ситуацијата во Украина. Пред почетокот на дуелот меѓу Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен низ целиот стадион се истакнаа пораки „Престани Путин!“
Оваа порака беше наменета по инвазијата на Русија врз Украина, а сите на стадионот ја поддржаа оваа порака. Едноставно, војната треба да сопре.