Пред мечот дозна за семејната трагедија, но не кажа на никого, реши да игра и го даде победничкиот гол (Видео)

Поминаа повеќе од една деценија кога Франк Лампард во 2008 година ја превзема одговорноста и погоди пенал против Ливерпул и веднаш покажа дека го посветува на својата мајка која почина непосредно пред мечот. Нешто слично како Лампард сега направи и играчот на Сакраменто Република, Дарек Формела.

Само три часа пред мечот кој требаше да го одигра, Формела дозна дека татко му ја загубил битката со ракот и починал. Дарек решил на никого во клубот да не му каже за својата болка и загуба, туку истрчал на теренот да го одигра мечот против РГВ Торос.

При резултат 1:1, во 81 минута, Формела успеа да постигне гол, а веднаш потоа го совладаа емоциите и почна да плаче. Дури потоа соиграчите дознаа за неговата трагедија. На крајот Сакраменто Република победи со 2:1, токму со голот на Формела.

- Оглас -

Најнови вести