Пред мечот со Бразил, Швајцарците имале судир со полициско возило (Видео)

Швајцарија загуби од Бразил со 0:1 и остана во последното коло да се бори да ја задржи втората позиција на табелата во групата, која носи во осминафиналето на Мундијалот. Швајцарците беа во инфериорна ситуација во поголем дел од мечот, па на крајот Бразил заслужено победи.

Пред да пристигне на стадионот „974“, експедицијата на Швајцарија имаше мал инцидент. Додека со автобусот патувале кон стадионот, и тоа во присуство на полициска придружба, се случил мал инцидент.

Во еден момент полициското возило закочило, возачот на автобусот не држел доволно растојание, па удрил во автомобилот пред него. За среќа, ударот бил со мала брзина, па немало ниту поголема материјална штета, ниту повредени во овој необичен судир.

https://twitter.com/i/status/1597249500527009793

- Оглас -

Најнови вести