Пред мечот со Србија – Роналдињо има порака за Бразил (Фото)

Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Бразилецот Роналдињо има порака за своите сонародници пред мечот со Србија, што ќе се игра вечерва од 20 часот во Лусаил.

Кариоките се во еуфорија, но Србија е незгоден ривал и многумина предупредуваат на опасните Орли и очекуваат да бидат изненадување на турнирот.

Тоа го знае и Роналдињо, па им порача на своите Бразилци да бидат смирени.

„Смирете се, сега е наше време. Одиме Бразил“, напиша големата поранешна фудбалска ѕвезда на „Инстаграм“.

Роналдињо одигра 97 меча за Бразил, постигна 33 гола, а знае како се освојува Божицата.

Со Бразил беше светски првак во 2002 година, а има една титула и на Копа Америка и на ФИФА Купот на Конфедерациите.

 

- Оглас -

Најнови вести