Пред нас е возбудлива вечер во НБА со 10 меча, Лилард првпат ќе гостува во Портланд (Фото)

Вечерва по полноќ во кошаркарската НБА-лига се играат 10 натпревари, а најголемо внимание предизвикуваат два дуела на кои играчи кои оставиле печат во одреден клуб, овојпат ќе гостуваат против тој свој поранешен клуб.

Особено интересно ќе биде во Портланд, каде што Демиен Лилард за првпат во кариерата ќе има улога на гостински играч. Лилард 11 сезони го носеше дресот на Блејзерс, а неодамна од Портланд се пресели во Милвоки бакс и вечер во дресот на Елените ќе има дуел против своите некогашни тимски колеги.

Нема да му биде сеедно ни на Кевин Дурант, кој како играч на Феникс санс ќе гостува во Бруклин, каде што играше од 2019 до 2023 година.

Неизвесност се очекува во Оклахома сити, каде што гостува Денвер нагетс во дуел на вториот и третопласираниот на Западот.

Во понудата на Sport Life има и 77-мина кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат. Листата е долга, на неа се мега везди како Јокиќ, Букер, Дончиќ, Адетокумбо, Харден, Ленард, Дерозен, Батлер, Вилијамсон, Вембањама, може да одиграте и на споменатите Лилард и Дурант.

- Оглас -

Најнови вести